Тимот на Барселона од денес е побогат за уште еден член. И тоа не било каков туку според многумина за наследнимкот на неприкосновениот и единствен Лионел Меси.
Многу момчиња во денешно време се нарекувани така, но Јусуф Демир, досегашшниот член на Австрија Виена, ќе ја има таа привилегија да го носи дресот на Барселона, и да биде директен потенцијален наследник на Аргентинецот. Таков му е и прекарот, „австрискиот Меси“.
Неговите соништа се исполнија на само 18. годишна возраст. Направи трансфер во Каталонија благодарение на агентот со потекло од Македонија, Шкумбин Ќормемети, кој живее во Виена, и го направи директниот линк со Барселона, и претседателот на Каталонскиот клуб, Хуан Лапорта.
Во текот на денешниот ден, целиот трансфер беше обавен, а очигледно дека од сега натаму сите очи како во Австрија така и во Каталонија, а и во целиот свет ќе бидат вперени во Јусуф Демир, затоа што со години се чека да се појави новиот Меси, а во името на сите светски љубители на фудбалот искрено веруваме дека Јусуф е конечно тој.