Алиоски не е прв избор на Мурињо: „Специјалниот“ замена за Спинацола носи од Манчестер Ј.

1090

Како што пишуваат италијанските медиуми, Езџан Алиоски не е прв избор на Мурињо за заменик на повредениот Спинацола на позицијата лев бек во „римската волчица“ следната сезона. Иако името на нашиот репрезентативец се споменуваше во медиумите, откако стана јасно дека паузата на Спинацола ќе биде подолга, сепак Рома тргна по ново име за негов заменик.

Денеска вестите од италијанската престолнина велат дека Мурињо тргнува по Алекс Телес, Бразилецот кој има италијански пасош и кој не се наигра во Премиер лигата.

Мурињо наводно веќе разговарал и со фудбалерот и со неговиот агент, па сега дал „зелено светло“ да се преговара за позајмица од Манчестер Ј.

ПретходноСејдини: Испишавме Историја на европските првенства
СледноНастрада и муралот на Рашфорд во Манчестер