Баерн (М) на стартот на сезоната без Алфонсо Дејвис

198

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен ќе ја започне новата сезона без еден од своите клучни играчи.

Алфонсо Дејвис се повреди на тренингот на канадската репрезентација и според последните вести има скинати лигаменти на левиот зглоб. Дејвис се врати во Баерн и според досегашните информации ќе биде надвор од терените неколку недели.

Ова е уште една повреда во низа за фудбалери на баварците, откако претходно се повреди и Лукас Ернандез.

Алфонсо минатата сезона одигра 35 натпревари за Баерн.

ПретходноМладинките се спасија од пораз против Фарски Острови
СледноПандев еден од оние кои го одбележаа ЕУРО 2020 (ФОТО)