Бајиќ: Целта е со подмладен тим на голем настан

942

Новиот селектор на Македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ денеска и официјално ја презема функцијата. Тој доаѓа на местото на Александар Тодоров, кој беше наш досегашен кормилар.

Бајиќ веќе неколку дена како работи со одреден број на кошаркари, ги скенира и го проценува нивниот репрезентативен квалитет.

На првиот тренинг, Бајиќ објасни што очекува од македонската репрезентација во следниот период.

„Се надевам дека ќе можеме да ги повториме резултатите од некоја не толку далечна иднина. Се што правевме од почетокот на моето преземање е со таа цел и јас од него не планирам да се откажам. Сакам репрезентацијата да се подмлади, да направиме некој план и пат за во иднина за да успееме да се вратиме на големите натпреварувања. Од моето назначување, се обидов да ги следам сите кандидати за националниот тим, разговарав со сите нив и избрав некои момци на кои сега можам да сметам.

Ќе бидат тука 16 кошаркари кои ќе ги користиме во тренажниот процес и сите ќе конкурираат за репрезентацијата. Просечната возраст изнесува околу 24 години и мислам дека тоа треба да биде патот за иднината“- рече Бајиќ пред првиот собир на сениорите во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

ПретходноТрајковски: Не чувствуваме притисок (ФОТО)
СледноСрамен потег на Англичаните!