Македонскиот женски ракомет со четири екипи ќе биде преставен во новата евро-сезона. Откако шампионот Куманово се откажа од настап во Лигата на Европа, Вардар, Металург, Чаир и Деспина се оставите кои остануваат со европски настап есенва.
Ове четири македонски екипи ќе бидат дел од вкупно 57 тимови кои се пријавени за настап во ЕХФ Европскиот куп. Според рејтингот на ЕХФ, Вардар, ќе биде носител пред ждрепката. Металург, Чаир и Деспина ќе бидат во вториот шешир за ждрепката закажана на 20 јули.