Вембли се подготвуваше за славје, ама остана празен на крунисувањето на Италија!

539

Италија е новиот европски шампион. После 1968 година, после долго чекање, Италијанците вечерва со победата над Англија со 3:2 на пенали, го подигна трофејот.

А, Вембли се подготвуваше за славје. Се беше подготвено за „фудбалот да се врати дома“. Ама, Италијанците имаа поинакви планови. Тие го подигнаа трофејот, го разочараа преполниот Вембли кој се испразни, па така Италија само пред неколку 5-6 илјади фанови го прослави пехарот.

Но, тоа не им пречеше. Напротив. Манчини и момците славеа и ќе слават уште долго во ноќта, а сигурно и утре. Англија останува разочарана, и ќе чека некоја нова шанса за да го подигне трофејот кој му недостасува.

 

ПретходноДонарума е прогласен за најдобар фудбалер на ЕУРО 2020
СледноДраган Бајиќ одбра седум млади кошаркари