Воска навистина не се шегува. Имено од денеска нов фудбалер на овој второлигаш од Охрид е Христијан Грозданоски (28 години), довчерашниот член на Работнички. Раководството на Воска и официјално се пофали со најновиот член на клубот, со кој и дефинитивно влегува во кругот на оние клубови кои во следната сезона во ВМФЛ – ЗАПАД ќе се борат највисок пласман, а со тоа и за влез во ПМФЛ.
Со Грозданоски тимот на стратегот Раде Цицмиловиќ го засили дефанзивниот ред, а да напоменеме дека Грозданоски пред да дојде во Воска, играше за Работнички, Силекс, Гостивар, Новаци, Царев Двор.