Грчкиот фудбалски сојуз им дозволи на резервните тимови на најбогатите грчки клубови да бидат дел од Втората лига на оваа земја. На последниот состанок на Извршниот комитет на Грчкиот фудбалски сојуз и официјално се даде „зелено светло“ за влез на четири „Б“ тимови во шампионатот наречен – Суперлига 2 лига за следната сезона.
Панатинаикос, Олимпијакос, АЕК и ПАОК се клубовите кои добија одобрение за промоција на нивните резервни тимови во второлигашката конкуренција. Така, втората лига во Грција се зголеми на 18 екипи. Овие Б-тимови нема да имаат право на промоција во елитата, како и да играат плеј-оф за влез во натпреварувањето, но можат да испаднат во 3. лига.