Џиџи Донарума (22 години) е најдобриот фудбалер на ЕУРО 2020, апсолутно заслужено. Тој е херојот, тој е јунакот на „аѕурите“ со своите одбрани посебно во финалето во пенал – серијата.
На крилјата на нладиот голман, момците на Манчини ја “покорија“ Европа, се чини дека репрезентацијата на Италија доби голман за наредните 15 години, и тоа голман од светска класа.
По финалето Џиџи истакна…
“Ние сме фантастична екипа. Не се предадовме во ниту еден момент.Почнавме од нула, и апсолутно го заслуживме овој успех“ посочи Донарима па додаде…
“Буфон е најдобриот голман кој некогаш бранел, чест ми е што го наследив токму него. Секогаш се трудам да дадам се од себе, и да бидам голман каков и треба на репрезентацијата“ изјави најдобриот фудбалер на ЕУРО 2020.
ФОТО: EURO 2020 Twitter