Италија за златото доби 28.5 милиони евра

401

Репрезентацијата на Италија, освојувачот на златниот медал на овогодинешниот ЕУРО, за овој успех од страна на УЕФА е наградена со 28.5 милиони евра.

Ова е сумата која Европската куќа на фудбалот ја одвој за најдобриот на континенталниот шампионат, кој во финалето беше подобар од Англија по подоброто изведување на пеналите.

Секој од Италијанските репрезентацивци ќе добие по 250.000 евра премија за освоеното прво место, а доколу „Азурите“ го загубеа финалето и беа втори, тогаш премијата ќе беше 50. 000 помала. Доколку Италија стигнеше до полуфиналето секој играч ќе добиеше по 150.000, а четвртфиналето ќе беше вредно 80.000.

Италија е рекордер по заработени сретства на име успех на Европските шампионати, затоа што досега има инкасирано преку 100 милиони евра.

 

 

ПретходноТетовци пристигнаа во Мурска Собота, вечерва тренинг од 20 часот!
СледноКазахстанци и судат на Струга ТЛ, Азербејџанци на Силекс а на Шкупи судии од Австрија!