Познати се судиите и за реванш мечевите од 1.квалификациско коло во Конференциската лига. Овие мечеви се играат на 15 јули (четврток).
Струга ТЛ игра дома, на ФФМ, со Лиепаја од Летонија. Првиот меч заврши со резултат 1:1, а реваншот почнува од 17 часот. Судија на овој меч ќе биде Артјом Кучин од Казахстан,
Составот на Силекс гостува во Молдавија, кај тимот на Петрокуб. Првиот меч во Скопје заврши со резултат 1:1, реваншот почнува во 19 часот. Се игра на стадионот на Зимбру во Кишињев, а главен судија ќе биде Елчин Масијев од Азербејџан.
Шкупи пак гостува во Приштина, каде што на стадионот “Фадиљ Вокри“ со почеток од 20 часот,ќе ги брани тие скопски 2:0 против Лапи. Судиите на овој реванш дуел се од Австрија, а главен делител на правдата ќе биде Валтер Алтман.
ФОТО: FB Struga TL