Киелини: Италија доби нов Џиџи, ја заслуживме титулата – доминиравме!

845

Капитенот на италијанската репрезентација, Џорџо Киелини и неговите соиграчи денеска со своите сограѓани ќе ја прослават европската титула.Италија по изведување на пенали на урна Англија, победа која е сосема заслужена.

„Мислам дека заслужено победивме. Почувствувавме нешто магично во воздухост. Уште на почетокот на мај зборувавме дека можеме да го направи ова, верувам дека ја заслуживме титулата. Цела Италија ја заслужи. Ова е сензација, им благодарам на сите кои беа дел од оваа група во последните три години. Победата им ја посветуваме и на играчите кои гледаа од дома“. 

Италијанците добија нов Џиџи Буфон, Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар фудбалер на ЕУРО 2020.

„Клучот беше да уживаме во мечот. Сакавме и да го контролираме поседот. Иако добивме удар во втората минута, доминиравме до самиот крај и ја сакавме оваа победа по секоја цена. Во изведување на пенали, по една Џиџи добивме друг. Пресреќни сме, едвај чекаме да прославиме во нашата земја“, изјави капитенот.

За него ова беше 112 настап во дресот на Италија, наскоро ќе наполни 37 години.

ПретходноФото за историја: Спинацола на патерици ја прославуваше титулата!
СледноРоманецот Бирсан ќе и суди на Шкендија во Мурска Собота!