Милвоки намали на 2-1: „Ѕверска“ партија на Адетокумбо, влезе во историјата на НБА (ВИДЕО)

289

Милвоки на домашен терен го победи Феникс со 120-110 на третиот натпревар во НБА финалето и намали на 2-1 во серијата.

Во центарот на вниманието беше Јанис Адетокумбо, кој постигна 41 поен, 12 скока и шест асистенции. Грчкит ѕвер имаше само една загубена топка од поле имаше 62% реализација.

Ова е втор меч на кој постигнува над 40 поени. Адетокумбо влезе во историјата на НБА-лигата како втор играч кој два меча по ред во финалето има над 40 поени и над 10 скока. Прв на кој му успеал ова е Шекил О’Нил.

Кошаркарите на Милвоки имаа опиплива разлика уште во втората четвртина, ја завршија со плус 15. Феникс успеа да се врати само во третата четвртина, дојде на минус четири, но Бакси одогворија со 19-0 за голема победа.

Покрај грчкиот ѕвер, добра партија пружија и Холидеј со 21 поен и Миделтон со 18 поени, на другата страна Крис Пол имаше 19 поени и 9 асистенции.

ФОТО: НБА

ПретходноДраган Бајиќ одбра седум млади кошаркари
СледноУрнебес: Кога Де Роси слави во соблекувална (ВИДЕО)