Женската младинска ракометна репрезентација по ден одмор, вечерва (20:30 чаост) го игра вториот меч на ЕХФ шампионатот У19.
По триумфот над БиХ на отварањето, избраничките на Љубомир Савевски ќе се обидат да дојдат до втората победа со која ќе направат голем исчекор кон полуфиналето. И Фарски острови исто како Македонија има победа, на стартот го совлада Косово.
Нашите девојки се фаворити, останува на дело да ја оправдаат оваа улога и да покажат дека имаат сили за високи дострели.
Мечот се игра во СЦ „Јане Сандански“, но без публика.