Настрада и муралот на Рашфорд во Манчестер

640

Нема крај на девијантното однесување на разочараните англиски фудбалски фанови по поразот на нивната репрезентација во финалето на Еуро 2020. По низата инциденти и тепачки, денеска стигнува информација дека оштетувања има и на еден од муралите посветен на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд во Манчестер. Истиот бил уништен од вандали по поразот од Италија синоќа.

Рашфорд е еден од трагичарите на Англија, бидејќи промаши пенал во пенал-рулетот. Англиските навивачи тоа не го простуваат, па веднаш го уништија неговиот мурал.

ПретходноАлиоски не е прв избор на Мурињо: „Специјалниот“ замена за Спинацола носи од Манчестер Ј.
Следно„Вардарки“ носителки на ждрепката за ЕХФ Европскиот куп