Немаат сите добро мислење за италијанскиот селектор: „Манчини не е тренер, можеби дипломат…“

2337

Иако Роберто Манчини го направи речиси невозможното, односно од „дното“, ја вивна Италија кон врвот на европскиот репрезентативен фудбал, немаат сите добро мислење за италијанскиот селектор.

Манчини секаде каде и да отидеше имаше и титула на клупски план, освен во Зенит. А, токму критиките доаѓаат од играчот на оваа екипа, Артем Ѕјуба.

„Тој не е тренер. Можеби бизнисмен, дипломат…“, рече Ѕјуба во едно интервју по заминувањето на Манчини од Зенит.

Ова робусниот голгетер го кажа поради тоа што Манчини го „отпиша“ од тимот на Зенит. Италијанецот сметал дека ќе влијае лошо на екипата, па го испратил на позајмица, нешто за кое не се согласуваа навивачите.

„Ми кажа дека сум правел раздор во екипата, и сум го опуштал Кокорин. Не знаев навистина што значеше тоа“, рече Ѕјуба.

Ѕјуба играше и против Вардар, кога промаши пенал во Санкт Петербург, а потоа замина на позајмица. Меѓутоа по заминувањето на Манчини се врати во Зенит, каде што игра уште.

ПретходноГрција дозволи резервните тимови на Олимпијакос, ПАО, АЕК и ПАОК да играат во Втора лига
СледноШимунџа пред Шкендија: Ништо не е сменето по првиот меч, мора да ја искористиме секоја шанса