Пехарот веќе е во Рим. Експедицијата на новиот европски првак не чекаше многу во Лондон. Веднаш со специјален чартер се упати кон својата Италија, кон Рим каде што утринава пристигна.
Како што и доликува први од авионот излегоа селекторот и капитенот, Манчини и Кјелини, се разбира заедно со пехарот.
Славјето низ улиците на Рим може да почне, Италија е новиот фудбалски владател на Европа.