Премиер лигата со реакција по расистичките навреди: Шокирани сме!

834

Англиската Премиер лигата одговори на расните навреди кои ги добија играчите на англиската фудбалска репрезентација на социјалните мрежи откако Англија беше поразена од Италија во финалето на Еуро 2020.

„Англиската Премиер лига уште еднаш е шокирана од злоупотребата на Интернет просторот и од сите навреди кои фудбалерите ги претрпеа. Заедно можеме да им разјасниме на сите дека нема место за расизам – ниту во фудбалот ниту на друго место“, се вели во соопштението на лигата.

ПретходноБакер од ПСЖ во Леверкузен
СледноГранде Пандев и честиташе на Италија за европското злато (ФОТО)