Романецот Бирсан ќе и суди на Шкендија во Мурска Собота!

209

Марсел Бирсан (39) е делегиран од УЕФА за главен судија на утрешниот меч во Мурска Собота меѓу Мура и Шкендија. Ова е реванш натпревар од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Овој меч е закажан за во 20 часот на стадионот “Фазанерија“.

Да потсетиме дека на првиот меч во Скопје, кој се одигра минатиот вторник на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, нашиот шампион беше поразен од Мура со 1:0. Значи ако сака да ја минат оваа пречка, тетовци мора да победат на гостувањето кај првакот на Словенија.

Инаку помошници на Бирсан ќе му бидат неговите сонародници Валентин Аврам, Михаи Марица и Јулијан Дима.

ПретходноКиелини: Италија доби нов Џиџи, ја заслуживме титулата – доминиравме!
СледноТрајковски: Не чувствуваме притисок (ФОТО)