Саутгејт: Одлуката за пеналите е моја, јас сум виновен!

621

Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт ја превзема одговорноста по поразот од Италија во финалето на ЕУРО 2020. Многмуна веднаш по завршувањето на оваа средба му замерија за изборот на изведувачи на удари од белата точка.

“Ја донесов одлуката за изведувачите на пенлите врз база на тренинзите. Победувавме како екипа, а еве губиме и како екипи. За пеналите јас сум виновен, никој друг“ истакна Саутгејт кој сепак не се ослободи од траумата од ЕП во 1996 година кога тој беше трагичарот во пенал – рулетот во полуфиналето против Германија, исто така на Вембли.

Саутгејт, во последната минута од продолженијата на теренот ги внесе Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо. Идните соиграчи во Манчестер јунајтед и Букајо Сака, не успеаја да погодат од белата точка.

ПретходноПолицијата уапсила 45 навивачи во нередите по завршување на финалето
СледноКошаркарите тргнаа: Првиот собир без Димитријевиќ и Вајли