Фото за историја: Спинацола на патерици ја прославуваше титулата!

510

Леонардо Спинацола, левиот офанзивен бек на Рома до мечот со Белгија во 1/4 финалето беше херојот на „аѕурите“, играчот број 1 во селекцијата на Роберто Манчини. Немаше среќа, на тој меч со Белгија потешко се повреди и ги пропушти дуелите со Шпанија и Англија во полуфиналето и финалето. Сепак за прославатам за доделување на медалите и големиот пехар популарниот Спина беше тука, заедно со своите репрезентативни другари.

И покрај тоа што мора да оди на патерици, Спина се израдува и лично од претседателот на УЕФА Александер Чеферин, го доби медалот.

Ова е фото за историја.

ПретходноРој Кин критикуваше двајца англиски фудбалери
СледноКиелини: Италија доби нов Џиџи, ја заслуживме титулата – доминиравме!