201 сантиметри висок „плеј“ ново име во Гостивар

339

КК Гостивар денеска и официјално го престави 23-годишниот НЦАА играч, Маиш Дејли, кој во редовите на прволигашот доаѓа од Колеџот Акрон.

Иако настапува на позицијата плејмејкер, Дејли е прилично висок, 201 сантиметар и може да покрие повеќе позиции.

Тој е 10-тиот кошаркар на гостиварци за следната сезона, кој денеска потпиша договор со клубот на една сезона.

ПретходноГранде Пандев и честиташе на Италија за европското злато (ФОТО)
СледноТри лица починаа во прославите низ италијанските градови по титулата на Еуро 2020