Албан Мифтари си замина од Автокоманда!

1881

 

Албан Мифтари (25 години), чуварот на мрежата од минатата сезона во Скопје, не е повеќе член на “пиратите“. Тој сега е со слободни документи и може без проблем да потпише за некој друг клуб, а веќе има и понуди за продолжување на кариерата.

Инаку Мифтари во минатата сезона како голман беше еден од најзаслужните што “пиратите“ завршија на првото место во ВМФЛ – ЗАПАД со што изборија пласман во елитата.

Инаку Мифтари досега бил член на Скопје, Вардар Форино и Шкупи.

ПретходноШимунџа пред Шкендија: Ништо не е сменето по првиот меч, мора да ја искористиме секоја шанса
СледноАгент од Македонија и го продаде „австрискиот“ Меси на Барселона