Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен ќе ја започне новата сезона без еден од своите клучни играчи.
Алфонсо Дејвис се повреди на тренингот на канадската репрезентација и според последните вести има скинати лигаменти на левиот зглоб. Дејвис се врати во Баерн и според досегашните информации ќе биде надвор од терените неколку недели.
Ова е уште една повреда во низа за фудбалери на баварците, откако претходно се повреди и Лукас Ернандез.
Алфонсо минатата сезона одигра 35 натпревари за Баерн.