Брегалница веќе два дена тренира на Златибор, триумф на првиот тест!

186

Експедицијата на Брегалница веќе два дена е на Златибор (Србија) на подготовки. Во следните денови ќе се одработува најважната фаза, се со цел во прекрасните услови што ги нуди овој туристички центар, екипата да дојде до потребната форма во пресрет на стартот на сезоната во ПМФЛ.

Стратегот Марјан Секуловски планираше одигрување на најмалку четири пријателски средби, а првата, која се одигра вчера, а решена со 2:0. Совладан беше Морнар, прволигашки тим од Црна Гора. Стрелец на двата гола беше Андреј Кудијан.На 14 јули противник ќе биде српскиот тим Графичар, каде тренер е Бошко Ѓуровски. Трет противник на Златибор за Брегалница ќе биде Искра од Црна Гора, а се очекува и спаринг партнер за четвртата контрола.

ПретходноГрилиш до Кин: Сакав да шутирам пенал, селекторот одлучи поинаку
СледноТетовци пристигнаа во Мурска Собота, вечерва тренинг од 20 часот!