Англиската јавност е во шок. „Гордиот албион“ го загуби најважниот меч во последните три децении наназад, поразен е во финалето на ЕУРО од Италија и тоа на домашен терен по подобро изведување на пеналите.
Јавноста на Осторовот „врие“. Сите вперуваат прсти во некого, а најмногу во изведувачите на пеналите. Рашфорд, Санчо и Саха промашија, сите од ред млади играчи. Прашњето е зошто изборот падна токму на нив, а не на некој поискусен, а во прв ред го постави Рој Кин, легендата на Манчестњер Јунајтед.
„Ако сте Грилиш или Стерлинг не можете да дозволите на едно дете како Саха да изведе така важен пенал. Едноставно тоа не смеете да го дозволите“ – рече Кин во анализата за Скај Спорт.
Веднаш се јави Џек Грилиш да го демантира.
„Не е точно дека избегнав одговорност. Се пријавив за шутирање селекторот, одбра поинаку. Тој донесе многу добри одлуки за време на ова ЕУРО. Сакав да шутирам и нема да дозволам луѓето да зборуваат поинаку“ – напиша Грилиш.