Драган Бајиќ одбра седум млади кошаркари

462

Македонската кошаркарска репрезентација денеска и официјално стартува со подготовките за претквалификациите за место во квалификациите за СП 2023. Првиот тренинг е закажан во 10 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Предводникот на нашиот национален тим, Драган Бајиќ во претходните два дена работеше со младите сили, тој одбра седум кошаркари кои ќе им се придружат на поискусните.

Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Лејсон Зекири, Валмир Какруки, Андреј Настовски, Оливер Двојковски и Теодор Симиќ ќе го дополнат списокот.  На првиот собир нема да тренира Виктор Ефремовски, кој доби поштеда.

А покани за настап во претквалификациите за Светскиот Куп 2023 година, беа  испратени до следниве кошаркари:

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Бојан Трајковски (Пелистер)

Бобан Стајиќ (Пелистер)

Горјан Марковски (Куманово 2009)

Дамјан Робев (Куманово 2009)

Љубомир Младеновски (Работнички)

Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија)

Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД)

Стојан Ѓуровски (ХЛА Аликанте – Шпанија)

Џејкоб Вајли (Будуќност-Црна Гора)

ПретходноВембли се подготвуваше за славје, ама остана празен на крунисувањето на Италија!
СледноМилвоки намали на 2-1: „Ѕверска“ партија на Адетокумбо, влезе во историјата на НБА (ВИДЕО)