Англиската Премиер лигата одговори на расните навреди кои ги добија играчите на англиската фудбалска репрезентација на социјалните мрежи откако Англија беше поразена од Италија во финалето на Еуро 2020.
„Англиската Премиер лига уште еднаш е шокирана од злоупотребата на Интернет просторот и од сите навреди кои фудбалерите ги претрпеа. Заедно можеме да им разјасниме на сите дека нема место за расизам – ниту во фудбалот ниту на друго место“, се вели во соопштението на лигата.