Аналитичарот за „Скај Спортс“, Рој Кин по завршување на финалето на ЕУРО 2020 кое го доби Италија по изведување на пенали, испрати критики до Стерлинг и Грелиш. Според него требало да превземат одговорност во ударите од белата точка.
„Доколку сте Стерлинг и Грелиш не можете да дозволите едно дете (Сака) да изведува пенал, едноставно не смеете. Тој е срамежлив 19-годишник, а тие имаат многу поголемо искуство. Стерлинг има освојувано трофеи, мораа да превземат одговорност“, изјави Кин.
Донарума на Сака му го одбрани последниот решавачки пенал, претходно непрецизни беа Рашфорд ја погоди стативата и Санчо. По завршување на финалето селекторот на Англија, Саутгејт ја превзема одговорноста.