Срамен потег на Англичаните!

9349

Спортска, фудбалска Англија е во шок, и не само поради поразот на нивната репрезентација во финалето на ЕУРО на “Вембли“ од Италија, туку и од потегот што го направија избраниците на селекторот Герет Саутгејт веднаш по доделувањето на сребрените медали.

Имено сите играчи, освен Џордан Хендерсон, разочарани од поразот веднаш од својот врат ги тргнаа медалите.

Овој нивен потег наиде на голема реакција и критика од страна на медиумите.

Засрамете се“, „Какво непочитување“, „Вицешампиони, и тоа е успех“, “Се однесувате како размазени деца, јадно“ се пишува и на социјалните мрежи.

ФОТО: EURO 2020 Twitter

ПретходноБајиќ: Целта е со подмладен тим на голем настан
СледноГрилиш до Кин: Сакав да шутирам пенал, селекторот одлучи поинаку