Играчите на Видеолотарија Касинос Австрија и минатата недела, имаа можност да ја видат моќта на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, кој им донесе среќа на тројца нови добитници, со збирна сума од преку 4,5 милиони денари.
Прв меѓу нив се израдува Шаим Дибранов од Берово. На 6 јули, во 11 часот, во објектот на Спортлајф, тој видел седум цифри на видеолотарискиот апарат и сфатил дека е новиот МИЛИОНЕР.
Стана добитник на 1.608.537 денари, а кога дојде по својата добивка ни раскажа како претчувствувал оти нешто големо ќе се случи. Ова не е прв среќен момент во неговиот живот, вели Шаим, бидејќи и претходно добивал по нешто, но далеку помали сум од оваа милионска. Уште не знае како ќе ги искористи парите, но сигурно ќе си купи нешто вредно за дома.
Шаим „повлече нога“ и беше само прв од тројца МИЛИОНЕРИ за оваа недела. На 8 јули, во Глобал гејминг, во Скопје освоен беше МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во вредност од 1.399.811 денари, а вчера, на 11 јули еден среќник во Теарце донесе 1.558.816 денари.
МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Видеолотарија Касинос Австрија и понатаму потврдува дека е добивка која константно ги радува нашите верни играчи од недела во недела, со суми од 1.200.000 до 1.800.000 денари.