Шимунџа пред Шкендија: Ништо не е сменето по првиот меч, мора да ја искористиме секоја шанса

440

Тренерот на Мура, Анте Шимунџа пред утрешниот меч кажа дека неговиот тим мора да ги има работите под контрола, и да не дозволи противникот да дојде до некоја шанса.

Тој напомена дека домашниот терен треба да биде предност, но дека ништо не е сменето по првиот меч, односно дека и на овој ќе одат на победа.

„Секогаш е убаво кога се играме на домашен терен, пред својата публика. Треба да ги имаме работите под контрола. Не е ништо сменето после првиот натпревар. Одиме на победа, мора да ја искористиме секоја шанса и утре. Некои играчи добија дополнителна вредност после првиот меч во Скопје. Предност е што играме дома, меѓутоа мораме да дадеме максимум и секако дека сакаме повторно да победиме“, изјави Шимунџа. 

ПретходноНемаат сите добро мислење за италијанскиот селектор: „Манчини не е тренер, можеби дипломат…“
СледноАлбан Мифтари си замина од Автокоманда!