Австралиската кошаркарска репрезентација славеше на синоќешниот тест-дуел со САД со 91:83 во Лас Вегас, со што му го нанесоа и вториот пораз за само три дена на главниот конкурент за златото на ЛОИ во Токио.
Пред само неколку дена Американците беа сензационално поразени и од Нигерија со 90:87. Да бидат работите уште полоши за Американците, ова е првпат да претрпат два порази по ред на подготвителните натпревари од 1992 година.
„Кенгурите“ ја изненадија екипата на Грег Попович и им испратија последно предупредување пред Олимписките игри во Токио, покажувајќи дека и овој НБА состав е ранлив.
Австралија практично губеше цел натпревар, но направи пресврт во последните пет минути, најмногу благодарение на Пети Милс кој зварши со 22 поени и Џо Инглс со 17.
Кај САД најдобри беа Демијан Лилард со 22 и Кевин Дурент со 17 поени. Следната проверка на САД е во среда против Аргентина.