Раководството на Ренова е во налет. Покрај тоа што успеа да донесе неколку квалитетни засилувања, “гипсарите“ полека, но сигурно ги “врзуваат“ со професионални договори и своите најголеми таленти.
Еден од тие е и Азизи Јамини, кој има само 16 години и е актуелен репрезентативец на Македонија во селекцијата до 17 години. Станува збор за напаѓач, инаку е “дете“ на Ренова. Во минатите две години беше член на Академијата на ФФМ, но Ренова го врати и сега на него и тоа како ќе смета во блиска иднина.
Од Ренова велат дека од Азиз Јамини се очекуваат големи работи. Договорот е потпишан на три години.