Серхио Рамос после 16 години го напушти Реал Мадрид и како слободен играч замина во редовите на ПСЖ.
Шпанскиот фудбалер оечкувано против „кралскиот“ тим нема да ги слави головите, Реал останува во неговото срце и заслужува почит.
„Нема да славам доколку постигнам гол против Реал. Клубот е моето семејство, тој е во моето срце. Заслужува почит. Никогаш не би славел гол, ниту пак победа против Реал“, изјави Рамос.
Во овој момент за него најважно е дека игра на најголемо ниво, без разлика дали станува збор против Реал или било кој друг.
„Почнувам од нула во новиот тим и сакам да дадам се од себе. Се чувствувам добро поради новиот предизвик. Се надеваме на добра година, ќе видиме што не чека“, изјави 35-годишниот фудбалер.
Рамос за ПСЖ потпиша двегодишен договор, ќе го носи бројот четири и ќе заработува 12 милиони евра по сезона.