Шкупи ги промовираше Хамиди и Бери!

522

Вицешампионот на Македонија, тимот на Шкупи и натаму не престанува со ангажман на нови имиња. Па така, според најавите, чаирчани од денеска се посилни за левото крило Валид Хамиди (24) од Алжир, и за Мухамаду Соуахибу Бери (22) од Сенегал, кој игра во линијата за врска.

И двајцата не го криеја задоволството што од денеска се членови на клубот од Чаир.

Навистина сум среќен што сум дел од овој клуб. Мојата порака до навивачите е дека ќе дадам се од себе за да имам добра сезона и дека мојот тим ќе биде најдобар“ посочи Хамиди.

Ме радува што ќе играм за Шкупи и моите амбиции се да му помогнам на клубот за европските натпревари, но и за тоа што следува“ истакна Бери.

Се очекува и двајцата да го имаат своето деби в четврток, во Приштина, каде Шкупи против Лапи ќе го одигра реваншот од 1.квалификациско коло во Конференциската лига.

ПретходноНови детали: Перез ја озборувал и Сара на Касилјас
Следно„Ги познаваме противниците, имаме квалитет“