Атлетико го потврди трансферот: Де Пол е нов фудбалер на „јорганџиите“

393

Аргентинскиот плејмејкер Родриго де Пол и официјално стана член на Атлетико Мадрид. Синоќа од Атлетико се пофалија со трансферот, кој ќе го обврзе Де Пол на петгодишна соработка со „јорганџиите“.

Де Пол пристигнува на стадионот „Ванда Метрополитано“ од Удинезе за 35 милиони евра по директно инсистирање на тренерот Диего Симеоне.

Тој ја парафираше соработката само два дена по освојувањето на Копа Америка.

ПретходноШвајцарците со нов селектор од Грција доаѓаат на претквалификациите во Скопје
СледноДенот „Д“ за европската судбина на Вардар 1961