Иако од таборот на Баерн Минхен велат дека немаат намера да даваат многу пари за големи трансфери, сепак желбата на баварците и новиот тренер Јулиан Нагелсман е Федерико Киеза. Офанзивецот на Јувентус, еден од најдобрите фудбалери на Италија на ЕУРО 2020, новиот првак на Стариот континент.
Имено како што откриваат медиумите во Германија, а посебно во Италија, Баерн испратил официјална понуда до Јувентус за Киеза, вредна дури 80 милиони евра, но раководството на најтрофејниот клуб во Сериа А, експресно ја одбило. Едноставно клубот од Торино не сака така лесно да остане без еден од своите адути во новата сезона во која Јуве сака по секоја цена да ја врати титулата во своите витрини.
ФОТО: forca juventus tvitter