„Ги познаваме противниците, имаме квалитет“

179

Последните години, Бојан Крстевски е еден од најдобрите македонски кошаркари, а минатата сезона ја играше можеби во својата кариера.

На почетокот од подготовките за претквалификациите за СП 2023, високото крило на МЗТ Скопје е позитивно расположен и е оптимист во врска со претстојниот циклус.

„Лесно сигурно нема да биде, никогаш ништо не е лесно. Сепак, имаме четири недели за подготовки, ќе одиме и во Маврово. Ова е комбиниран состав, имаме неколку млади кошаркари, неколку повозрасни и сметам дека ваквата комбинација може да донесе добар резултат во овие претквалификации“.

Крстевски е добро запознат со противниците на турнирот во Скопје, планиран да се одржи во периодот од 12. до 18.август.

„Ги знаеме противниците, игравме со нив во едни претквалификации, но сега нашиот состав е доста изменет. И покрај тоа, имаме квалитет да освоивме едно од првите две места и да продолжиме во квалификациите“.

ПретходноШкупи ги промовираше Хамиди и Бери!
Следно„Екс Ју“ колонијата во Милан со плус еден член