Димитријевиќ: Одиме да се надигруваме, да победуваме

179

Во доста изменет формат, наместо Европско првенство од Дивизијата „Б“, во форма на турнир, насловен како „Челенџер“ до 20 години денеска стартува во Скопје.

Во доста добра, позитивна атмосфера нашите девојки и стручниот тим предводен од селекторот Саша Димитријевиќ ги дочекуваат натпреварите во салата СРЦ „Кале“ во Скопје. Прв противник е селекцијата на Луксембург, мечот е закажан со почеток во 21 часот.

„Пред почетокот на подготовките кажав дека  овој ФИБА турнир ќе биде еден тест за сите играчи да видиме на кого можеме да сметаме во сениорска конкуренција. Презадоволен сум од работата и ангажирањето на сите играчи, секогаш на секој тренер му недостасуваат  уште десет дена работа, па така и мене, за работите, како се вика, да легнат на свое место. Многу малку време со нас поминаа Митрева и Николиќ. Но што е тука е, ќе се обидеме тоа да не се почуствува во играта“, вели селекторот Саша Димитријевиќ.

Свесен е дека оваа млада селекција вистинските резултати треба да ги даде во некоја блиска иднина, но нема октажување.

„На претходните првенства, против репрезентациите со кои играме на овој турнир  имаме негативен биланс. Како ќе биде и дали има напредок кај нашиве девојки ќе видиме уште вечерва, кога играме со Луксембург. Морам да потенцирма и тоа дека повеќето девојки се една година помлади така да резултатите од оваа работа треба да дојдат следното лето. Голем хендикеп е и тоа што играме дома пред празни трибини, сигурен сум дека публиката ќе беше и мотив плус за сите“.

Добра работа пред почетокот на турнирот е што оној подготвителен период помина(л) без проблеми.

„Во оваа прилика би ја пофалил работата на цел стручен штаб бидејќи цели подготовки кој беа доста напорни, ги поминавме  без ниту една повреда. Бранко Крстевски се грижеше за физичката подготовка, Анета Глигорова, како и на лекарскиот тим кој е тука со нас. Одиме да се надигруваме да се обидуваме и да победуваме“.

Распоредот на овој прв ФИБА „Челенџер“, за кошаркарки „Под 20“ години, предвидува пет натпреварувачки денови, и еден слободен, на 16. јули.

ПретходноФудбалерите на Барселона реагираат: Нас ни ги намалувате платите, а купувате нови засилувања
СледноРајковиќ се сели во Русија