Донарума: Немав поим дека сме европски шампиони

1360

Голманот на Италија, Донарума, кој беше прогласен и за МВП на Европското првенство, призна дека не бил ни свесен дека Италија стана европски шампион кога го одбрани пеналот Сака.

Младиот голман веќе долго време е стандарден на голот на „аѕурите“, а од недела е нов херој на нацијата.

На снимката по последниот пенал на Сака се гледа како тој мирно заминува од голот, додека неговите соиграчи трчаат кон него.

„Не прославив веднаш, бидејќи не знаев што се случува. Помислив дека кога промаши Жоржињо изгубивме. Кога го одбранив тој пенал, само погледнав во судијата за да видам дали сè е во ред. Одеднаш ги видов момците како трчаат кон мене. Претпоставувам дека сè ми беше јасно тогаш“, беше искрен Донарума.

ПретходноДенот „Д“ за европската судбина на Вардар 1961
СледноПо расистичките навреди се огласи и младиот голгетер: Јас сум Маркус Рашфорд, црнец од Витингтон