Екс играч на Вардар влезе во историјата на европските натпреварувања

1672

Џамбул Џигаури, екс фудбалерот на Вардара, се запиша во историјата на европските натпреварувања, како прв играч кој погодил во сите три актуелни натпреварувања на УЕФА.

Грузиецот кој го даде голот за израмнување на Вардар против Фенербахче во Истанбул, погоди за Динамо Тбилиси во квалификациите во Лигата на шампионите, потоа за истиот тим и во Лигата на Европа, а во истото натпреварување погоди и за Вардар.

Минатиот четврток Џигаури погоди за Телави во Лигата на конференции против Тре Пене од Сан Марино.

ПретходноШкендијо – СРАМ ДА ТИ БИДЕ!
СледноМладинките со убедлив пораз почнаа на „ФИБА Челинџерот“ во Скопје