Во тимот на Милан во моментов има еден куп играчи кои доаѓаат од Балканот односно од екс Југословенските републики.
Таа бројка летово најверојатно ќе се зголеми за уште еден член. Руските медиуми јавуваат дека досегашниот член на тимот на ЦСКА Москва, и репрезентативец на Хрватска, Никола Влашиќ ќе биде замената за Хакан Чалханоглу во дресот на „Росонерите“. Турчинот како што сите знаеме му „заби нож во грб“ на Милан и потпиша за Интер, па сега се бара негова замена.
За Влашиќ русите јавуваат дека Милан подготвува цели 25 милиони евра плус бонуси.
Влашиќ инаку минатата сезона ја одигра во одлична форма и постигна 12 гола и шест асистенции.