Замина од Севиља за да се пресели во Олимпијакос

365

Голманот на фудбалската репрезентација на Чешка, Томас Вацлик, по одличните перформанси на европското првенство изненади со одлуката за продолжувањ ена кариерата надвор од Шпанија, каде минатата сезона ги бранее боите на екипата на Севиља.

Вацлик кој минатите сезони беше прв голман на Севиља, ја прифатил понудата од грчки Олимпијакос и од следната сезона се сели во грчкиот тим. Севиља пред неколку дена објави дека српскиот голман Дмитровиќ ќе биде нивно ново засилување, што веројатно и беше причина чешкиот голман да си побара нова средина.

32-годишниот чешки голман веќе има договор со Олимијакос, само се очекува истиот да биде и официјално потврден.

ПретходноАбрамович не се откажува: Подготвил 175 милиони евра за Халанд
СледноШвајцарците со нов селектор од Грција доаѓаат на претквалификациите во Скопје