Каква бламажа на НБА легендата: Југославија може да го освои златото во Токио!?

649

Бајрон Скот, кој освои три титули во НБА лигата со ЛА Лејкерс, се избламира во изјава за очекувањата од олимпискиот кошаркарски турнир во Токио.

„Поразот од Нигерија е најголемиот неуспех. Тие мора да играат како тим. Златото повеќе не и се дава едноставно на репрезентацијата на САД. Светот нè фати. Но, верувам дека можеме да го освоиме. Ако треба да се обложам, ќе се обложувам на САД“, вели Скот.

Сепак, на прашањето кои се другите фаворити на олимпискиот турнир, тој изјавил:
„Франција ќе биде добра, Југославија секогаш ќе биде добра, а исто така и Русија. Кина може да биде изненадување. Секогаш има еден тим да изненади”.

На социјалните мрежи, последната изјава наиде на голем број реакции бидејќи Скот веројатно не е свесен дека Југославија ја нема веќе долго време, а ниту Русија, ниту Кина нема да се натпреваруваат на Олимписките игри.

ПретходноЃока: Сите веруваме во пласман во следната рунда
СледноТ. Пролет ќе биде носител на ждрепката за 1. коло во ЕХФ Лигата на Европа