Шкендија губи со 2:0 од Мура по првите 45.минути во реванш мечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Стрелец на првиот гол беше Лука Бобичанец и тоа во 25.минута, додека вториот исто беше дело на Бобичанец во 45. минута. Уште полошо е што нашиот првак остана со играч помалку откако Јан Кривак доби втор жолт картон во 42.минута, односно црвен.
Мура беше подобра, имаше повеќе шанси и заслужено води, Шкендија имаше две шанси, и тоа Дориев во 15. и Алими во 16.минута, но штета, немаа среќа и двајцата.