ПОТВРДЕНО: Руи Патрисио е нов голман на Рома

1852

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон вечерва потврди дека португалскиот репрезентативен голман, Руи Патрисио го напушта клубот и заминува во Италија. „Волвс“ потврдија дека нов клуб на Руи Патрисио ќе биде Рома.

Преселбата во Италија означува крај на тригодишниот престој на португалскиот голман во редовите на Вулверхемптон. Откако се пресели во тимот по промоцијата на клубот во Премиерлигата, Патрисио настапи на повеќе од 135 натпревари и имаше 37 „чисти мрежи“.

Засега не се објавени детали од договорот со „волчицата“.

ПретходноПетарда за тетовци: Шкендија ја снајде бура кај Мура!(ВИДЕО)
СледноШкендијо – СРАМ ДА ТИ БИДЕ!