Англискиот фудбалски репрезентативец, Маркус Рашфорд никогаш нема да го заборави загубеното финале од Италија. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед на Твитер се извини за неговиот настап на натпреварот во кој промаши пенал во пенал-рулетот, откако претходно влезе на теренот во последните минути од судиското продолжение. Тој во својот пост исто така одговори на расистичките навреди упатени кон него.
„Јас дури и не знам од каде да започнам и не знам ни како да кажам со зборови како се чувствувам во моментов. Имав тешка сезона, мислам дека на сите им беше јасно и веројатно стигнав до финалето со недостаток на самодоверба. Сè што можам да кажам е ’Би сакал да беше поинаку’. Додека продолжувам да се извинувам, сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи. Можам да прифатам критики за мојата игра, мојата изведба не беше доста добра, требаше да биде подобро, но, никогаш нема да се извинам за тоа што сум и што доаѓам од каде што потекнувам. Никогаш не сум бил погорд да го носам овој грб на градите и да гледам како моето семејство ме бодри пред десетици илјади луѓе. Сонував за вакви денови. Јас сум Маркус Рашфорд, црнец од Витингтон и и Витеншав, јужно од Манчестер. Ви благодарам за сите убави пораки. Ќе се вратам посилен. Ќе се вратиме посилни“, напиша Рашфорд.