Емил Рајковиќ се сели во Русија. Еден од најдобрите македонски тренери ќе седне на клупата на Автодор од Саратов со кого потпиша едногодишен договор.
Станува збор за тим кој се натпреварува во ВТБ лигата, што пак е познат терен за Рајковиќ.
Автодор покрај ВТБ лигата, редовно е дел и од ФИБА Лигата на шампионите и ФИБА Еврокупот.