Скандал со Шпанија: Флорентино Перез снимен како зборува против легендите на Реал Мадрид

662

Дека е најголемиот фудбалски клуб на светот, тоа секако стои. Дека е полн со контраверзи и афери и дека навивачите и управата на клубот сметаат дека се треба да се врти околу него исто така е точно.

Реал Мадрид е иконата на шпанскиот но и светски фудбал, а кога ќе одекне афера поврзана со него, и неговите раководни структури, тоа и тоа како треба да се проследи. А во моментов Реал Мадрид го „тресе“ сериозна афера.
Во јавноста излезе снимен разговор од минатото во која првиот човеч на Реал Мадрид и тогаш и сега, Флорентино Перес на соговорник му објаснува за колку лоши личности станува збор кога се во прашање клупските легенди Раул Гонзалес односно Икер Касиљас. Наспроти тоа доста позитивно говори за Дејвид Бекам, Роберто Карлос, некогашни големи звезди на клубот.

„Бекам е добро момче, многу паметен. Заработува 30 милиони по сезона. Роналдо Да Лима исто така. Зидан добива 25. А од друга страна го имаш Раул кој не продава апсолутно ништо. Ниту дрес, апсолутно ништо. Медиски нема никакво влијание. Тој е многу лош, верува дека Реал Мадрид е негов. Го уништува клубот, моралот на играчите, прави се лошо. Многу лош човек“ – вели Перезе за играчот кој поникна во младите категории на Реал и постигна преку 320 голови за клубот.

Потоа продолжува со разговоро и се врти кон Икер Касиљас.

„Суштината со него е што навивачите го обожаваат. Не знам зошто го бранат толку. Тој е првата измама од играч, а втората е Раул. Тоа се двете најголеми измами во дресот на Мадрид“ – вели Перез во присклучкуваните разговори.

Медиумот „El Konfidensal” планира целиот разговор да го објави следниот викенд, а засега се објавува во делови. Перез пак се огласи со став дека се ова е дел од стратегијата против него, на медиумот и на личноста Хозе Антонио Абелан, како би се нанела штета нему и на проектот Супер лига.

ПретходноШкендија ако не ја мине Мура ќе оди во 2.квалификациско коло во Конференциската лига!
СледноТодоровиќ е нов член на Ангели